Мурињо: Гвардиола и Клоп работат во клубови со неверојатни финансиски можности

Тренерот на Тотенхем, Жозе Мурињо зборуваше за финансиските можности на Манчестер сити и Ливерпул.

– Пеп Гвардиола и Јирген Клоп се, секако, двајца од најдобрите тренери во светот и во Премиер лигата. Завршија во клубови кои сакаат да освојат сè. За да го направите ова, треба да имате врвни играчи на секоја позиција. Тимот е загатка. Ако Пеп во одреден момент одлучи дека е потребно да се трошат пари на дефанзивци, тогаш тие го прават тоа. Слично е и со Клоп. Разбирате, вака функционираат врвни клубови кои имаат неверојатни финансиски можности. Тие само го прават тоа. Имаат среќа, супер им е, изјави Мурињо.

Тој не се жали од односот со управата на Тотенхем, но стави до знаење дека не можат финансиски да се споредуваат со Ливерпул и со Сити.

– Кога дојдов во Тотенхем, управата беше многу отворена и искрена со мене. Нема да се обидам да ја споредувам мојата состојба со другите клубови, бидејќи Тотенхем беше многу отворен. Разбрав дека ќе се најдам во друга реалност. Врвен клуб, не се сомневам во секунда, но ова е клуб со различни услови. Не тврдиме дека освојуваме турнири од врвна класа, не можеме да решаваме проблеми со пари. Клубот вложи максимални напори во текот на летото да го направи нашиот тим подобар, и јас не се жалам. Јас само ја работам својата работа на најдобар начин. Тоа е сè, изјави Мурињо.

Тотенхем вечер од 18:30 часот му гостува на Манчестер сити во натпревар од 24. коло на Премиер лигата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e