Мурињо го сака Алиоски во Рома

Италијанските медиуми блиску до Рома пренесуваат дека нашиот репрезентативец, Езџан Алиоски е желбата на новиот тренер на „Волчицата“, Жозе Мурињо.

Откако латералниот бек Леонардо Спинацола се повреди настапувајќи за Италија на Европското првенство и се востанови дека ќе отсуствува 6-7 месеци, новиот тренер на Рома треба да најде соодветна замена до почетокот на новата сезона во Калчото.

Италијанските медиуми велат дека Жозе Мурињо има неколку опции за латерално засилување, а последен на неговата листа е Македонецот Езџан Алиоски.

Првата желба е Емерсон Палмиери, но за италијанскиот репрезентативец Рома ќе треба да плати најмалку 16 милиони евра. Тоа е неисплатливо имајќи предвид дека се бара привремена замена. Уште поскап е Алжирецот Рами Бенсебаини од Борусија Менхегладбах чија цена варира помеѓу 20 и 25 милиони евра, згора на тоа Германците и не се многу расположени за негова продажба.

Како што пишува Il Tempo, тука во игра влегува Еаџан Алиоски кој веќе се раздели со Лидс Јунајтед и во Рим може да пристигне како слободен играч, без Рома да ја чини ниту евро оштета. Весникот тврди дека клубот веќе остварил контакт со Македонецот, по што се очекуваат преговори со неговиот агент.

Алиоски оперира по левата страна, но проблем за него претставува играта во дефанзивата, нешто што во Италија е императив за целосен бек.

Доколку Џани потпише со Рома, ќе ја зголеми македонската колонија во Серија А каде веќе се Горан Пандев (Џеноа), Илија Несторовски (Удинезе) и Елиф Елмас (Наполи).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e