Мурињо е новиот тренер на Рома

Трофејниот португалски фудбалски стратег Жозе Мурињо кој пред две недели доби отказ од англискиот премиерлигаш Тотенхем, својата тренерска кариера ја продолжува во калчолигашот Рома, соопштија официјално од римскиот клуб. Италјанскиот тим кој претпладнево објави дека на крајот од сезоната ќе се раздели со Пауло Фонсека , неколку часа подоцна се огласи со ново соопштение дека сонародникот на актуелниот тренер на Рома, трофејниот Мурињо ќе се врати во италјанскиот фудбал на почетокот од новата сезона и тоа на клупата кај „римската волчица“.

-Веднаш по првиот состанок со управата сфатив дека имаат големи амбиции во Рома. Заедно сакаме да создадеме победнички проект. Една од причините поради кои доаѓам во Рим е и неверојатната страст на навивачите на овој тим. Едвај чекам да почне новата сезона, изјави Мурињо, кој потпишал тригодишен догворо со „римската волчица“.

Пристигнувањето на Мурињо во италјанскиот фудбал нема да му биде прво искуство, бидејќи веќе го предводеше Интер со кого осови шампионски трофеии во Серија А и Лигата на шампионите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e