Млади македонски судии дел од турнирот MICBASKETBALL 2018 во Шпанија

Младите судии Никола Јакимовски и Кристијан Филиповски, кои минатата календарска година се закитија и со епитетот  „државни судии“, изминатиот викенд беа дел од турнирот MicBasketball 2018. Ова издание е второ по ред од Велигденскиот турнир, одржуван во Коста Брава, Шпанија.

На младинскиот турнир оваа година беа пријавени вкупно 112 екипи и 52 судии од 14 земји, меѓу кои и двајца претставници од Република Македонија.
Судијата Кристијан Филиповски беше дел од судиската тројка која ја делеше правдата на натпреварот за трето место во возрасната категорија во 18 година помеѓу екипите на QBasquet и Athletic Silenc. На натпреварот, Филиповски судеше заедно со Јулијана Лоредана Спатару од Шпанија и Гиљермо Мартин од Шпанија.

Судијата Никола Јакимовски, кој од тековната сезона ја доби довербата да суди и натпревари од највисок ранг во Република Македонија беше прв арбитар на судиската тројка која ја делеше правдата на финалниот натпревар во возрасната категорија до 15 години помеѓу екипите на Unicaja и Khimki. На натпреварот, Јакимовски судеше заедно со Броско Даниел од Словачка и Годој Џудит.

Исклучително важно е да младите судии продолжат да црпат искуство и надвор од границите на Републиката кое ќе им послужи во понатамошниот развој на нивните кариери.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ