Милена Стојановска државен јуниорси првак во кик бокс лајт

Милена Стојановска од Кик бокс клубот „Патриот“ од Крива Паланка е државен првак во јуниорска конкуренција во кик бокс лајт контакт дисциплина за девојки под 60 килограми.

Стојановска настапи во две категории на првото  национално кик бокс првенство за 2021 година што се одржа викендов во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје, во организација на Кик бокс маитаи федерацијата на Република Северна Македонија.

-Ова државно првенство во организација на Кик бокс федерацијата беше за сите возрасни категории и во сите дисципли: на татами поинт фајт, лајт контакт и кик лајт; лоу кик, а нашата Милена Стојановска настапи во кик лајт, јуниорки каде го освои првото место во категорија под 60 килограми и се закити со титулата државен првак. Стојановска се натпреваруваше и во сениорка конкуренција, лајт контакт ринг дисциплина, каде заврши третопласирана, откако најпрвин беше прогласена за првак, за потоа судиите да ја променат одлуката и ја прогласат за тертопласирана. Во секој случај, ние сме презадоволни од постигнатите резулатти и продолжуваме да работиме и да се подоготвуваме за претстојните првенства во текот на годината, изјави Никола Величковски, тренер од „КБК „Патриот“.

На Првото национално првенство за сите возрасни категории настапија 184 натпреварувачи од вкупно 24 кик бокс клубови од државата. 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e