Милан му го нанесе четвртиот пораз на Јувентус

Во дерби натпреварот од 31. коло на Италијанскиот фудбалски шампионат, Милан синоќа на домашен терен го совлада Јувентус со 4:2.

За актуелниот шампион и лидер на табелата ова беше четврти пораз сезонава. И покрај загубените бодови, Јувентус е на со големи седум бода предност пред второпласираниот Лацио кој вчеравечер неочекувано загуби од аутсајдерот Лече.

Милан, пак, ја забележа 14. победа и се искачи на петтата позиција на табелата во Серија А која носи директен пласман во Лига Европа. Сепак, неговите конкуренти за 5. место, Рома и Наполи, денес треба да ги одиграат своите средби од 31. коло.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e