Меси се израмни со легендите Батигол и Марадона

Најдобриот фудбалер на сите времиња Лионел Меси се израмни со двете легенди на аргентинскиот фудбал Диего Армандо Марадона и Габриел Батистута.

Ѕвездата на Барселона постигна гол на трето Светско првенство што во дресот на аргентинската репрезентација им успеало само на двајцата гореспоменати. Меси погодуваше во 2006 и 2014 година, но не и во 2010 кога селектор на Аргентина беше токму Марадона.

Синоќешниот гол беше шести за Меси на 18. натпревар и со него се израмни со Марио Кемпес. Повеќе голови на Мундијалите имаат само Марадона и Гиљермо Стабиле (по осум) како и Батистута кој е на првото место со 10.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e