Меси прв до 150 асистенции во Ла Лига во 21. век

Капитенот на Барселона, Лионел Меси, во натпреварот од третото коло Шпанското првенство одигран вчеравечер на „Камп Ноу“ постигна два гола и запиша две асистенции.

Натпреварот заврши со побед ана каталонците од 8:2, а Меси стана првиот фудбалер со остварени 150 асистенции во 21. век во Ла Лига.

Најблиску до ова остварување на Аргентинецот од активните играчи во најсилните пет европски лиги е Цеск Фабрегас од Челзи со 143 додавања по кои бил постигнат гол.

Хуеска е 37 екипа во Ла Лига против која Лионел Меси постигнал гол и е прв и во статистичката категорија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e