Меси: Нејмар не рече дека ќе играме заедно, туку дека има желба за такво нешто

Првата ѕвезда на Барселона, Лионел Меси проговори за можно враќање на „Камп ноу“ на напаѓачот на ПСЖ, Нејмар.

– Ќе биде тешко да се купат нови играчи, бидејќи за ова ни требаат пари, а тие ги нема во ситуацијава. Нејмар? Некако мора да му платите на ПСЖ. Ова ќе биде многу тешка задача за новиот претседател. Нејмар не рече дека ќе играме заедно, туку дека би сакал тоа се случи повторно, рече Меси.

Аргентинецот е во постојан контакт со поранешниот соиграч, како и со Луис Суарез кој од Барселона се пресели во Атлетико Мадрид.

– Зборувам секојдневно или со Нејмар или со Суарез. Ние одржуваме врска со Луис скоро секој ден, додаде Меси.

Нејмар играше за Барселона од 2013 до 2017 година, по што се пресели во ПСЖ за рекордни 222 милиони евр

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e