Меси е спремен да заигра на натпреварот со Алавес

Најдобриот фудбалер на Барселона, Лионел Меси се поизвесно е дека ќе заигра денес на натреварот со повратникот во Примера, Алавес.

Аргентинецот пред две недели се здоби со повреда на коленото против Атлетико од Билбао.

“Разговарав со него во врска со тоа како се чувствува. Тој се чувствува добро и спремен е да влезе во игра. Ќе ја анализираме состојбата и ќе видиме што е најдобро за него како играч.” – изјави Енрике на конференцијата за новинари во Барселона.

Натпреварот е закажан за во 20:30 часот на Ноу Камп.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e