Менди прогласен за најдобар голман во светот за 2021 година

Голманот на Челзи и Сенегал, Едуард Менди е прогласен за најдобар голман за 2021 година од страна на „The Best FIFA Football Awards 2021“.

Церемонијата на доделување на наградите се одржува во Цирих, Швајцарија.

Дваесет и деветгодишниот Менди ја освои Лигата на шампионите 2020/21 со тимот од Лондон.

Ерик Ламела ја доби наградата на ФИФА Пушкаш за најубав гол на годината. Поранешниот играч од средниот ред на Тотенхем, Ерик Ламела ја доби наградата на ФИФА „Ференц Пушкаш“ која се доделува за најубав гол. Погодокот на Ламела против Арсенал (2:1) на 14 март му ја донесе наградата на 29-годишниот аргентински фудбалер.

Покрај Ламела, на списокот номинирани беа и чешкиот напаѓач Патрик Шик за неговиот гол против Шкотска на ЕП 2020 и напаѓачот на Порто, Мехди Тареми за голот против Челзи во натпреварот од Лигата на шампионите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e