Манчестер сити демантира разговори за трансфер на Меси

Премиерлигашот Манчестер сити негираше денеска дека испратил понуда до капитенот на Барселона, Лионел Меси, за негов трансфер во Англија, откако за четири месеци ќе му истече договорот со каталонскиот клуб.

Портпаролот на Манчестер сити рече дека клубот ниту испратил понуда во текот на минатото лето, ниту тоа го сторил во меѓувреме, инсистирајќи дека не се водени какви и да е разговори за трансфер на аргентинскиот фудбалер, пренесе денеска британската телевизија „Скај“

Реакцијата на Манчестер сити доаѓа, откако лондонскиот весник „Сан“ објави вчера дека клупското раководство е подготвено да испрати „нова понуда“ за да го доведе Меси во своите редови.

Мадридскиот весник „Ел Мундо“ неодамна ексклузивно обелодени дека договорот на Меси со Барселона, што истекува на крајот од сезоната, е вреден 555 милиони евра.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e