Манасков: Тунис има слабости кои треба да ги искористиме

Македонија денеска го започнува настапот на Светското ракометно првенство во Франција, а првиот противник Тунис ни е стар должник. Сепак, избраниците на Лино Червар знаат дека не смеат да изгорат во желбата за победа, а тоа го потврдува и нашето крило, Дејан Манасков.

– Знаеме дека против Тунис секој од нас ќе гори, ќе биде максимално мотивиран, посебно по она што се случи и последниот пораз. Мора да биде максимално концентрирани, трпеливи, да не изгориме во желбата да победиме, да одиграме паметно и да ги искористиме шансите кои ќе ни се укажат.

– Можеби првпат сме во група во која сме аутсајдери, но тоа е еден мотив плус за нас, да докажеме дека можеме, дека не сме за „фрлање“. За да се добие секој натпревар, потребно е да се одигра добро во одбрана и заедно со голманите, а тоа може да биде клучно за победникот. Репрезентативците на Тунис се физичко силни и брзи, но имаат слабости кои треба да ги искористиме, – потенцираше Манасков пред македонската премиера во Франција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e