Македонските кошаркари од идната недела ќе имаат нов селектор

Смена на селекторското место најави вчера Македонската кошаркарска федерација, закажувајќи прес – конференција за почетокот на идната недела на која ќе се обелодени името на новиот предводник на националниот тим.

-На прес-конференција на 19 април на терасата на хотелот „Солун-СПА Супериор“ ќе биде претставен новиот селектор на машката сениорска репрезентација, се наведува во краткото соопштение на Кошаркарската федерација до медиумите.

Новиот селектор ќе дојде на местото на Александар Тодоров, кој седна на клупата на крајот од декември 2019 година и имаше неуспешен квалификациски циклус за пласман на Европското првенство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e