Македонските фудбалерки ги добија ривалите во квалификациите за Светскиот куп

Македонската женска фудбалска репрезентација ќе игра во групата „Д“ со селекциите на Англија, Австрија, Северна Ирска, Летонија и Луксембург во квалификациите за Светскиот куп 2023.

Во овие квалификации ќе учествуваат рекордни 51 репрезентација, поделени во шест групи со по шест тимови и три групи со пет селекции.

Натпреварите ќе се играат од септември 2021 година до септември 2022 година.

Победниците од деветте квалификациски групи ќе се пласираат директно на финалниот турнир во Австралија и Нов Зеланд, додека второпласираните во групите ќе играат баражи во октомври 2022 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e