Македонскиот фудбалски бисер Елиф Елмас се сели во Наполи

Македонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас се сели од Фенербахче во Наполи за сума од 16 милиони евра. Во дресот на Фенербахче одигра 40 натпревари и постигна 4 голови, а има и 11 настапи за националниот тим.
Трансферот го потврди и тренерот на Наполи, Карло Анчелоти.
„Многу сме блиску до доаѓањето на Елмас и се надевам дека тоа брзо ќе се случи. Тој е еден многу интересен играч, ги комплетираме завршните детали, се надеваме дека ќе пристигне што побрзо“, изјави Анчелоти.
Се очекува Елмас денес да пристигне во Италија, а утре да ги мине лекарските прегледи и да стави свој потпис на договорот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e