Македонската репрезентација остана на 62. место на ФИФА ранг-листата

Македонската фудбалска репрезентација останува на 62. место на најновата ФИФА ранг-листа објавена денес.

Избраниците на селектор Игор Ангеловски во јуни ги очекува настап на Европското првенство каде се во група со Холандија која е 16-та, Австрија која се наоѓа на 23. место и Украина 24-пласирана во рангирањето на Светската фудбалска асоцијација.

Во ТОП 10 репрезентации на ФИФА листата се: Белгија, Франција, Бразил, Англија, Португалија, Шпанија, Италија, Аргентина, Уругвај и Данска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e