Македонската ракометна репрезентација славеше над Чиле за прв триумф во 2021

Македонската ракометна репрезентација триумфираше на првиот натпревар во новата година, совладувајќи го вечерва Чиле во контролен натпревар во Скопје со 25:21 (15:11).

Селекторот Данило Брестовац за двата пријателски натпревари против чилеанската репрезентација во рамки на „ЕХФ неделата“ повика неколкумина млади ракометари, изоставајќи ги од списокот Борко Ристовски, Велко Маркоски, Стојанче Стоилов, Дејан Манасков и Гоце Георгиевски.

Најефикасни во редовите на македонската репрезентација вечерва во салата „Јане Сандански“ беа Мартин Стефанов и Жарко Пешевски со по пет голови, а капитенот Кирил Лазаров го преседе целиот натпревар на клупата.

Двете репрзентации вториот контролен натпревар во салата „Јане Сандански“ ќе го одиграат в недела.

Македонските ракометари се подготовуваат за продолжението на квалификациите за пласман на Европското првенство со двете пресметки против Данска, на 10 и 14 март.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e