Македонската ракометна репрезентација ќе игра на Мундијалот во Египет

Македонската ракометна репрезентација во „пет до 12“ обезбеди учество на Светското првенство што утре започнува во Египет, откако Чешка вечерва официјално соопшти дека го откажува настапот поради коронавирус во своите редови.

Преостанува одлуката за учеството на македонските ракометари на завршницата во Египет, како замена за Чешка, официјално да ја потврди Меѓународната ракометна федерација (ИХФ).

Чешките медиуми попладнево ја пренесоа изјавата на селекторот Јан Филип дека настапот на Чешка на Светското првенство официјално е откажан.

– Денеска заклучивме дека повеќе не гледаме светлина на крајот од тунелот, изјави Филип, цитиран од весникот „Иднес“.

Одлуката на Чешката ракометна федерација да го откаже настапот на Мундијалот во Египет доаѓа откако вкупно 17 ракометари беа заразени со коронавирус.

Македонската репрезентација, која чекаше шанса за настап на Мундијалот како прва резерва, ќе игра во Г-групата заедно со домаќинот Египет, Шведска и Чиле.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e