Македонија убедливо поразена и од Русија

Македонија претрпе нов пораз на Светското првенство, овој пат од Русија со 20:32.

Денеска сè беше решено за десетина минути, па како одминуваше времето имаше само една неизвесност односно прашање со кој резултат ќе финишира средбата.

Кој ќе победи денеска се виде после само неколку минути од натпреварот односно се виде дека нема да има ништо ново во играта на Македонија во поглед на борбеноста и ангажираноста.

Отворањето со 0:3. Првиот гол дури во 6. минута, а потоа уште нови пет минути се чекаше за вториот погодок. Русите играа одлично и ја „билдаа“ предноста која постојано растеше.

Како одминуваше времето во првото полувреме така паѓаше уште повеќе ритамот и желбата, а предноста на противникот растеше. Сето тоа влијаеше многу на резултатот, па пред заминувањето на одмор негативата стана двоцифрена, 19-9.

Почетокот на второто полувреме донесе нешто подобра игра и отворање со 3:0.Македонија се доближи на седум разлика противникот одново почна да игра сигурно. Иако Русите останаа без Косоротов кој доби црвен картон откако шутираше во главата на Томовски, тоа не им влијаеше на резултатот.

Во завршницата се играше мирно, а разликата се движеше околу десет гола. Прашањето беше каква ќе биде разликата на крајот од натпреварот.

На крајот тоа беше нов висок пораз, кој е и ново разочарување бидејќи одново не беше видена борба на теренот туку лесно предавање во битката и дозволување на противникот да доминира.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e