Македонија со огромна победа против Тунис

Македонската ракометна репрезентација со победа го започна светкото првенство кое се оддржува во Франција и си го отвори патот према осминафиналето.

Прв кој падна пред нашите борци е репрезентацијата на Тунис кои ги победивме со 34: 30.

Натпреварот го почнавме добро, со водство од два гола на почетокот на натпреварот, но подоцна дојде до криза во играта и на полувремето губевме со еден разлика (14:13).

Вториот дел започна со енергична игра на репрезентацијата на Тунис и некаде во 40-тата минута водеа со 24:20 и се чинеше дека полека го губиме натпреварот што сепак не беше така.

По серијата исклучувања кои ги заработија тужаните успеавме некако да се вратиме во игра дури и да поведеме со разлика од 4 погодоци која на крај успеавме да ја задржиме и да победиме со конечни 34:30.

Следниот меч го играме во Сабота со репрезентацијата на Ангола која денеска загуби против Словенија со 17 разлика (42:25).

Вечерва во нашата група играат Шпанија и Исланд.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e