Македонија го победи Косово, на 12. ноември против Грузија за место на ЕП

Вечерва на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје во полуфиналето од плеј-офот за учество на Европското првенство, најдобрата македонска А репрезентација триумфираше со 2:1 против Косово.

Воглавно првите 10 минути поминаа со голема борба во средниот ред, кој повеќе да ја преземе контролата на топката, во одредени период гостите имаа висок пресинг на нашата половина.

Во првата посериозна шанса за нашата селекција, во 16 минута стекнавме водство благодарение на автогол на гостите. Иако во најава беше една наша случајна акција, топката некако дојде до Адеми, овој асистираше до Ристовски небранет од никого. Не шутираше најдобро, топката се одби од косовскиот дефанзивец Кололи, го измани неговиот голман и беше затресена мрежата (1:0).

И Косово успеа многу случајно да дојде до израмнување, поточно во 29 минута топката наместо топката рутински да дојде до рацете Димитриевски, не реагираше најдобро, потоа и одбраната несфатливо не ја отстрани веднаш опасноста, тоа го искористи Хадерџонај и го лобуваше нашиот чувар на мрежата (1:1).
За среќа радоста на гостите траеше само четири минути, изведовме слободен удар преку Барди, а овој убаво го пронајде Велкоски кој беше највисок и со глава ја врата позитивата на македонската репрезентација (2:1).

Во 51 минута Бејтулаи доби незгодна повреда на десната нога после еден дуел со противниците, па Ангеловски беше принуден да ја првата замена, во игра влезе Ристевски.

Повторно се водеше голема борба во средниот ред, со неколку прекршоци на двете страни, иако Косово беше тој нешто повеќе напаѓаше, во 59 минута Зенели имаше опасен шут, но за малку над голот на Димитриевски. Возвративме во 62 минута, Пандев убаво се изгради за позиција, одеше топката кон голот, но со крајни напори одбрани Муриќ.

Во 86 минута нововлезениот Спировски го испроба својот удар од околу 15-20 метри, но непрецизен за неколку метри. Во судиското надополнување (90+5`) Косово преку Алити имаше 100% шанса, но Димитриевски одбрани од непосредна близина и дефинитивно имаше голем придонес во конечниот епилог.
Во финалето за пласман на наредното ЕП селекцијата на Македонија ќе игра против Грузија на гостински терен во Тбилиси на 12 ноември 2020 година.
Извор: Слободен печат

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e