Ливерпул нов лидер во Премиер лигата по поразот на Евертон

По денешните натпревари од 7.коло во Англиското фудбалско првенство, дојде до смена на лидерската позиција на табелата. Евертон денес загуби од Њукасл со 2:1 и му го препушти врвот на Ливерпул кој вчера го совлада Вест Хем исто така со 2:1.

Ливерпул сега има 16 бода, Евертон остана на 13 колку што имаат и Саутемптон и Вулверхемптон.

Евертон по четири победи и реми на стартот на сезоната загуби две средби во низа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e