АС: Кристиано Роналдо ја завршува авантурата со Реал Мадрид

Шпанскиот весник „АС“ пишува дека португалскиот напаѓач од редовите на Реал Мадрид се чувствува измамен од ветувањата околу обновата на договорот од страна на претседателот на клубот, Флорентино Перез, со што одлучил да ја заврши авантура во кралскиот клуб. Наводно сега негов прв приоритет е да се врати во Манчестер Јунајтед, каде играше во периодот 2003-2009 каде и ја освои првата Златна топка во кариерата. По финалето во Лигата на шампионите во Кардиф, на Роналдо му беше ветено продолжување на договорот со повисока плата, но досега ништо од тоа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e