Крадец влегол во домот на Роналдо додека играл за Португалија против Шпанија

Додека еден од најдобрите фудбалери на денешницата Кристијано Роналдо настапувал за Португалија на пријателскиот фудбалски натпревар со соодветната селекција на Шпанија во Лисабон (0:0), крадец влегол во домот во Фуншал.

Арамијата успеал да влезе во куќата преку гаражата и да одземе скапоцени работи кои му припаѓале на Роналдо. Веднаш била покрената истрага за кражбата и според полициски извори крадецот бил идентификуван, но не и уапсен.

Куќата на Роналдо во Фуншал има седум ката и во неа живеат неговата мајка Долорес и постариот брат Хуго. Не е познато дали во моментот на грабежот тие биле во куќата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e