Кошаркарот Оџо прележа коронавирус, а неколку дена подоцна почина за време на тренинг

Мајкл Оџо, поранешен центар на белградските клубови ФМП и Црвена звезда, почина ненадејно во петокот во Белград за време на индивидуален тренинг. Оџо имаше 27 години и почина од срцев удар откако се срушил во теретана.

Нигерискиот центар, висок 216 см и тежок 147 кг, пристигна во Белград пред три години, откако помина пет години (2012-2017) на американскиот универзитет во Флорида и не беше избран на Драфтот.

Играше една сезона за ФМП, а потоа се пресели во Црвена звезда со кого неговиот договор истече на 30 јуни годинава.

Остана да тренира во Белград додека чекаше нов ангажман. Тој беше член на Црвена звезда, која ја освои титулата АБА лига во 2019 година, а порталот „Мондо“ пренесува дека едвај неодамна го прележал коронавирусот.

– Ненадејната смрт на Мајкл Оџо длабоко ги погоди сите: играчите, тренерите, раководството и администрацијата на клубот во кој беше прифатен уште од првиот ден и кој го прифати како свој – објави КК Црвена звезда на својот интернет портал.

Сочувство до семејството на Мајкл Оџо и неговите поранешни клубови изразија АБА-лига и Евролигата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e