Конте: Напаѓајте ме мене, не играчите

Тренерот на Интер, Антонио Конте не е задоволен од критиките кои се упатени кон неговите избраници. Тој им се налути на медиумите и ги прекори по мечот од 33. коло од италијанскиот шампионат на кој Интер со 6:0 ја совлада Бреша.

– Победивме, но исто така ми се допадна ставот на тимот што не престана да напаѓа. Постигнавме шест гола и не примивме ниту еден. Интер секогаш изгледа позитивно, но некои сакаат да ја видат чашата половина празна, а не половина полна. Тие сакаат да создадат проблеми, но јас не се согласувам со ова. Напаѓајте ме, не клубот или играчите, изјави Конте.

Тимот е на третото место на табелата по 29 кола во Серија А.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e