Која е тајната за успехот на Хрватската фудбалска репрезентација?

Во недела, една од Балканските нации ќе игра против Франција за најголемата награда во фудбалот – финалето на Светско првенство. Еден хрватски новинар проба да објасни како една мала нација достигна ваков успех.

„Теренот беше мал, нерамен и полн со прашина. Немаше соблекувална, светла ниту трева на теренот. Но ова ништо не му значеше на малото дете од Задар. Тој тешко наоѓаше топка за игра, и го носеше дресот на Давор Шукер со мисла дека еден ден ќе стане голем фудбалер и ќе игра на Светското првенство. Можеби доколку тој би играл во некоја голема фудбалска академија, со три тренери околу него, со соодветни копачки, со нормален терен, и соблекувална од пет звезди, малиот Лука Модриќ би имал недостаток на својата жед да стане успешен. Откако Хрватска дојде до финалето, многумина останаа во шок и се прашуваа како?! Како е возможно волку мала држава со популација од четири милиони може да игра во финалето на најголемото фудбалско натпреварување. Како продуцираат безброј врвни играчи? Надвор од фудбалот, многумина луѓе живеат тежок живот. Некои се мачат да преживеат од ден за ден и се присилени да си одат од државата во надеж за подобра едукација како и работа. Но Хрватска е преполна од возбуда и радост. Главна причина е Фудбалот. Тие се инспирирани од групата на играчи кој сакаат да му покажат на светот колку се тие способни. Баш тоа младо и плаво дете со дресот на својата легенда Шукер, стана лидер на националниот тим, и ќе стори се за во недела да го подигне трофејот и да го оствари својот детски сон“, пишува новинарот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e