Кинезите во нова луда акција: Мега понуда за нов рекорд за Обамејанг и Борусија Дортмунд

Кинеските клубови секој ден ги ставаат на голем тест познатите светски имиња и нивните тимови со огромните суми на пари кои ги нудат, па така досега успешно завршија неколку зделки како оние на Карлос Тевез, Оскар и Аксел Витсел, но има и доста асови кои им кажаа не на милионите од далечниот Исток.

Во која група ќе влезат Борусија Дортмунд и напаѓачот Пјер-Емерик Обамејанг останува да видиме, бидејќи до нив составот на Шангај СИПГ достави луда понуда.

Имено на „милионерите“ им е понудена цифра од 150 милиони евра за реализација на трансферот, а пак Обамејанг би можел да заработи годишна плата од 41 милиони евра. Овие информации ги пренесуваат дел од светските медиуми, па сите со нетрпение очекуваат каков ќе биде одговорот од Германија и дали можеби ќе падне нов светски рекорд.

Инаку тренер на Шангај СИПГ е Андре Вилјаш Боаш, а тука меѓу другите настапуваат Бразилците Оскар и Хулк.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e