Кин заминува во Евертон

Напаѓачот на Јувентус, Моизе Кин, е многу блиску до Евертон за 30 милиони евра плус бонуси.

Според италијанските медиуми кои се повикуваат на неговиот менаџер Мино Раиола, кој изјавил дека договорот е постигнат.

Кин, ќе добие по три милиони евра по сезона во англискиот клуб, а истите извори велат дека играчот веќе ги напуштил подготовките со Јуве, за да патува кон Англија, каде следните 48 часа треба да изврши лекарски прегледи.

Единствената пречка во преговорите било барањето на “Старата дама” за да ја зачува опцијата за повторно купување на Кин, но не се знае исходот на ова барање.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e