Казни во Јувентус за кршење на ковид-протоколот

Италијанскиот фудбалски првак Јувентус ќе ги казни Американецот Вестон МекКени, Аргентинецот Пол Дибала и Бразилецот Артур, откако тројцата фудбалери присуствувале на забава со што ги прекршиле здравствените протоколи поврзани со Ковид-19.

Весникот „Ла Стампа“ објави дека МекКени организирал забава во својот дом на која присуствувале и двајцата негови соиграчи, како и уште неколку пријатели. Организирање приватни забави во Италија, согласно важечките ковид-протоколи, е забрането.

Полицијата упаднала на забавата организирана во домот на американскиот играч за врска на повик на соседите, а неколку италијански медиуми објавија дека полицајците морале да чекаат повеќе од еден час пред да влезат во објектот. Поради тоа, на присутните на забавата им се заканува и казна за пружање отпор на полицијата.

Тројцата фудбалери на Јувентус веднаш се казнети со по 400 евра поради кршење на епидемиолошките мерки, а медиумите објавија дека ќе следува и казна од клубот.

Јувентус в сабота го очекува градското дерби против Торино во Серија А.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e