Катастрофални вести за здравствената состојба на Шумахер

Познатиот неврохирург Колин Шеф тврди дека поранешниот Ф1 возач Михаел Шумахер никогаш нема да закрепне од повредите на мозокот кои ги заработи во огромната несреќа на скијање на француските Алпи.

Поминаа повеќе од четири години од несреќата, а тој се уште се наоѓа во кома.

– Здравствената состојба на Шумахер нема да се подобри. Природата на повредата и информациите кои го добиваме сугерираат дека неговиот мозок има претрпено огромна штета. Како последица на тоа, неговиот мозок не функционира како вашиот или како мојот. Шумахер не може да зборува. Можеби е во состојба да покажува со рака, или само тоа им се причинува на луѓето околу него. Тој може само да ужива во погледот на своите деца или да ја препознава музиката која некогаш му била омилена, изјави Колин Шеф.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ