Јувентус за прв пат во 123-годишната историја настапи без Италијанците во одбраната

Натпреварот од 4. коло од групната фаза во Лигата на шампионите против Ференцварош (2:1) беше уникатен за Јувентус. За прв пат по 123 години и 4371 натпревар од својата историја, клубот од Торино играше без Италијанци во одбранбената линија и на голот.

Голман на синоќешниот меч беше полскиот интернационалец Војчечх Шчесни, додека во дефанзивната линија се најдоа Бразилците Алекс Сандро и Данило, Колумбиецот Хуан Квадрадо и Холанѓанецот Матијас де Лихт.

Во почетниот состав се најде само еден италијански фудбалер, играчот за врска Федерико Бернардески.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e