Италијански медиуми: Јувентус го отпушти Сари

Еден ден откако Јувентус испадна од Лигата на шампионите, раководството на Јувентус го отпушти тренерот Маурицио Сари, јавуваат италијанските медиуми. Веста се очекува да биде официјално објавена од клубот во секој момент.

Во петокот вечерта гигантите во Торино беа елиминирани од Лион воосминафиналето. Во единствената сезона на Сари на кормилото на Јувентус, тимот стана шампион во Серија „А“, но го загуби финалето во Купот на Италија и Супер купот.

Шеесет и едно-годишниот тренер од Неапол ги презеде „бјанконерите“ минатото лето, откако претходно, исто така, престојуваше само една сезона во Челси.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e