Италија нема добро искуство од дуелите со Македонија

Македонската фудбалска репрезентација во полуфиналето од разигрувањето за распределба на трите последни визи во евро-зоната за настап на мундијалот во Катар идната година, ќе игра против Италија. Актуелниот европски првак Италија е апсолутен фаворит, но македонскуот селектор Благоја Милевски вели дека за крајниот епилог на теренот ќе се прашуваат и „црвено-жолтите“.

И италијанскиот селектор Роберто Манчини во првичната рекација вели дека патот за „аѕурите“ да стигнат во Катар е исклучлително тежок. Македонија не ја смета за лесен противник, а ако ја поминат ги очекува гостување кај подобриот од Португалија – Турција.

Македонија и Италија играа во иста група во квалифиакциите за СП-2018. Италија нема добро искуство од овие пресметки со „црвено-жолтите“. Како домаќини „аѕурите“ во Торино не ја победија Македонија, средбата заврши 1:1, а на средбата во Скопје дојдоа до минимален триумф (2:3) благодарение на резултаски пресврт во последните минути од натпреварот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e