Истрагата заврши: Познат виновникот за падот на хеликоптерот во кој загина Коби Брајант

Официјалната истрага за падот на хеликоптерот, во кој се превезуваа Коби Брајант, неговата ќерка и уште седум лица, е завршена, а за виновник за несреќата е прогласен пилотот.

Во официјалниот извештај на повеќе од 600 страници се наведува дека пилотот Ара Зобајан најверојатно доживеал просторна дезориентација, му се чинело дека авионот се искачува, иако всушност се спуштал.

Истрагата не утврдила механички дефекти во хеликоптерот „С-76“, а се очекува по овој извештај, Федералната агенција за воздухопловство во САД да даде препораки со цел да се избегнат несреќи од ваков тип во иднина.
Славниот кошаркар Коби Брајант загина во тешка хеликоптерска несреќа што се случи на 26 јануари 2020 година во Калифорнија. Имаше 41 година.
Покрај него, загинаа уште осум луѓе, меѓу кои и неговата 13-годишна ќерка Џиана.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e