Историски успех на македонската фудбалска репрезентација. Македонија се пласираше на европското првенство во фудбал

Македонската фудбалска репрезентација за играчи до 21 година успеа да го постигне најголемиот успех на македонскиот фудбал, пласирајки се на европското првенство што ќе се одигра следната година во Полска.

Во последниот натпревар од квалификациите кој штотуку заврши се поклопија сите коцки за Македонија да се пласира на првенството.

Со убедлива игра пред 22 илјадната публика, Македонија ја победи Шкотска со 2:0 и со поразот на Исланд од Украина од 3:2  успеа да се искачи на првото место на табелата во нејзината група и да оствари директен пласман.

На нашите момци им посакуваме што подобро да не претставуваат на европското првенство и се надеваме дека ќе бидат една светла точка која ќе означи почеток на една нова успешна ера за македонскиот фудбал.

За поврзани вести продолжете надолу

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e