Интер ќе даде 1 милион евра на Барселона за Видал

Играчот за врска на Барселона, Артуро Видал, денеска ќе пристигне во Милано за да го финализира својот трансфер во Интер, објави на Твитер новинарот Фабрицио Романо. Италијанскиот гигант ќе плати 1 милион евра за неговиот трансфер.

Чилеанецот практично повеќе не е фудбалер на каталонскиот клуб. Деновиве тој го раскина договорот со Барселона. Вчераутро пристигна во базата, ги собра своите работи и се прости од своите поранешни соиграчи.

Веќе стана познато дека 33-годишниот Видал се договорил со Интер. Неговата годишна плата ќе биде 6 милиони евра без бонуси, а неговиот договор ќе биде до 2022 година со опција за продолжување за уште 12 месеци.

Играчот за врска го носеше дресот на Барселона од 2018 година, а претходно играше за Баерн, Јувентус, Баер Леверкузен и Коло Коло. Тој е репрезентативец на својата земја од 2007 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e