Ибрахимовиќ: Милан мора да освои трофеј оваа сезона

Напаѓачот на Милан, Златан Ибрахимовиќ изрази надеж дека оваа сезона клубот ќе се натпреварува за трофеи. Триесет и осумгодишниот Швеѓанец вчера го продолжи договорот со „росо-нерите“ за една сезона го зеде бројот 11 за себе.

– Секогаш се чувствував како дел од Милан, дури и кога играв за други тимови. Тие секогаш се однесуваа добро кон мене. Кога првпат пристигнав во Милано, се смешкав. Ова досега не сум го правел во кариерата. Се чувствував како дома, изјави Ибрахимовиќ за „Фудбал Италија“.

Го зедов бројот 11 затоа што навивачите на Милан ме познаваат по тој број. На бројот 21, не се чувствував како Ибрахимовиќ, па го побарав бројот со кој сум играл претходно, додаде Швеѓанецот.

Ибрахимовиќ смета дека има напредок во тимот од кога е вратен, но потсетува дека недостаува трофеј:

„Дојдов да го вратам Милан на нивото што го заслужуваат. Јас правам сè за ова. Во последните шест месеци покажавме за што сме способни. Но, не заборавајте дека сè уште не сме освоиле ништо. Оваа сезона мора да го сториме тоa.“

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e