Гвардиола: Треба да добиеме извинување од 8-9 клуба

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола верува дека клубот заслужува извинување откако Спортскиот арбитражен суд ја укина санкцијата што УЕФА им ја изрече на „граѓаните“ пред неколку месеци. Забраната за учество во Лигата на шампиони е укината и казната е намалена од 30 на 10 милиони евра. Аргументот на КАС беше дека „повеќето од пријавените прекршувања или не се докажани или се застарени“.

– Тие треба да ни се извинат. Ако сме направиле нешто лошо, ќе ја прифатевме одлуката. Но, ние имаме право да се браниме кога веруваме дека тоа што го правивме е правилно. Тројца независни судии го потврдија ова. Вчера беше добро за фудбалот затоа што ние игравме според истите правила за фер-плеј како и другите клубови во Европа.Некои тврдеа дека правиме измама и лажеме и многу често презумпцијата на невиност беше отсутна, вели Каталонецот.

Според него, во текот на својата историја, Сити се обидувал да стори сé што е можно на теренот.

– Тоа што е постигнато во последните 10 години е заради она што се случува на теренот. Елитните клубови треба да разберат дека ние заслужуваме да бидеме овде. Дечки, прифатете го. Ако не се согласувате, едноставно тропнете на вратата на нашиот претседател или извршен директор и разговарајте со нив. Не оговарајте позади грб, како што прават шест, седум, осум или девет клубови. Излезете и направете го тоа на терен, рече Гвардиола на денешната прес-конференција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e