Ѓоковиќ со загубен сет го мина првото коло на УС Опен

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во второто коло на УС Опен, совладувајќи го на стартот Данецот Холгер Руме со 6-1, 6-7,6-2, 6-1.

Првата пречка на грен-слем турнирот во Њујорк најдобриот светски тенисер ја мина за два часа и 15 минути.

Ѓоковиќ нема загубено во прво коло на грен-слем турнирите уште 2006 година и настапот на Австралија Опен.

Негов следен противник ќе биде 21-годишниот Холанѓанец Талон Грикспор, 121. на АТП листата.

Ѓоковиќ на УС Опен ќе се обиде да ја освои својата рекордна 21 грен – слем титула во кариерата и календарски грен-слем со сите четири големи трофеи во годината.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e