Ѓоковиќ по победа над Зверев до полуфинале на мастерсот во Лондон

Најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ се пласираше во полуфиналето на завршниот мастерс во Лондон, откако денеска го победи Германецот, Александар Зверев со 6:3, 7:6 (4) во решавачкиот натпревар од групата „Токио 1970“.

Ѓоковиќ се пласираше во своето деветто полуфинале на завршниот Мастерс по еден час и 36 минути игра.

– Се чувствував одлично на теренот. Сервирав добро во важни моменти. За разлика од претходниот дуел, сега успеав да ги пронајдам вистинските удари во вистинско време. Саша е одличен играч, одлично сервира, изјави Ѓоковиќ по мечот.

Српскиот тенисер направи брејк на самиот почеток од мечот, поведе со 3:0 и таа предност му беше доволна за да поведе во сетови.

Петкратниот шампион на Завршниот мастерс имаше две можности да дојде на чекор до триумф во петтиот гем од вториот сет, но Зверев се спаси со одлични сервиси. Сетот потоа отиде во тај-брејк, а Ѓоковиќ успеа да се врати по почетните 0:2 и да слави со 7: 4.

На патот до финалето и шестата титула, тој ќе го има Австриецот, Доминик Тим, првпласиран од групата „Лондон 2020“. Во второто полуфинале ќе се сретнат Шпанецот, Рафаел Надал и Русинот, Данил Медведев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e