Ѓоковиќ останува лидер на АТП листата, Федерер испадна од „топ 10“

Денес е објавена новата АТП листа, а српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ја запиша 343-та недела на врвот на ранг листата на најдобрите тенисери. Тој има 11.430 поени, 1.800 повеќе од второпласираниот Данил Медведев. Од порано е познато дека белграѓанецот обезбеди место на врвот на листата барем до 22 ноември.

Медведев имаше можност, барем една недела, да го преземе врвот на листата доколку го освоеше мастерс турнирот во Индијан Велс, но тој беше спречен од Бугаринот Григор Димитров, сега 21-от играч на планетата

Стефанос Циципас е на третото место на АТП листата, а Александар Зверев на четвртото. Во првите десет имаше неколку промени во однос на минатонеделниот список. Рафаел Надал го престигна Андреј Рубљев на петтата позиција, кој беше елиминиран во третото коло од Индијан Велс. Седмиот е Матео Беретини, а осмиот е Доминик Тим. Швајцарецот Рожер Федерер испадна од првите десет, сега е 11-ти со 3.285 поени, а неговиот пад го искористија Норвежанецот Каспер Рад, кој сега е деветти, но и Полјакот Хуберт Хуркач, кој напредуваше за две позиции, па сега е десетти.
Најголем напредок забележа Британецот Камерон Нори, кој го освои Индијан Велс. Тој го подобри својот пласман за 11 места и така изби на 15-та позиција на листата на најдобри тенсиери.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e