Ѓоковиќ осми пат по ред избори полуфинале на Мастерсот во Рим

Првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ попладнево го победи Гркот Стефанос Циципас во четвртфиналето на Мастерсот во Рим со 2-1, по сетови 4:6, 7:5 и 7:5.

На мечот, Ѓоковиќ создаде 23 брејк топки – најголем број во кариерата во мечеви во три сета со противник од Топ 5. Грчкиот тенисер спаси 17.

Во вториот сет, Србинот губеше со 2:4, но го израмни резултатот. Во третиот губеше со 1:3 и повторно израмни.

Српскиот тенисер осми пат по ред стигна до полуфиналето на италијанскиот Мастерс и вкупно 12. Досега има 10 победи и само еден пораз.

Вкупно тој стигна до полуфинале по 70-ти пат на турнири од ова ниво.

За финалето, Ѓоковиќ ќе се сретне со Лоренцо Сонего од Италија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e