Ѓоковиќ наскоро ќе се вакцинира?

Новак Ѓоковиќ би можел наскоро да се вакцинира против коронавирусот што ќе му дозволи без проблеми да настапува и на најголемите тениски турнири. Така барем тврди Даниел Микш, човекот одговорен за биографијата на првиот светски рекет.

Поради фактот што не е вакциниран во моментот кога дојде во Мелбурн, тој беше депортиран од Австралија пред почетокот на грен слем турнирот „Австралија опен“. Се чини дека, според информациите до кои дојде Микш, такво нешто нема да се повтори.

– Она што го слушам од луѓето блиски до Новак, мислам дека ќе се вакцинира – рече Даниел за „ТВ Сервус“.

Тој потоа објасни зошто српскиот ас би можел да ја прими вакцината против коронавирус:

– Можеби финалето во Мелбурн придонесе за тоа. Нема сомнеж дека 21. грен слем титула на Надал ќе го одведе (кон одлуката да се вакцинира) – вели Микш.

Микш понатаму тврди дека на Новак му пречело испадот на неговото семејство на собирот во Белград за време на драмата во Австралија, но дека никогаш нема да му се спротивстави на својот татко.

-Ѓоковиќ никогаш јавно не би му се спротивставил на својот татко затоа што така е воспитан, но од друга страна, тој дефинитивно не го одобрува она што се случи во Белград за време на лудите денови во Мелбурн. Нивната врска е толку блиска“, вели Мукч.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e