Ѓоковиќ има ретка болест, Србите открија зошто Новак не мора да се вакцинира

Благодарение на потврдата издадена од лекарите, Новак Ѓоковиќ ќе настапи на Австралија опен, без да биде вакцииран против Ковид 19.

Австралискиот премиер Скот Морисон денеска изјави дека најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ ќе мора да докаже дека медицинската потврда со која е ослободен од обврската за вакцинирање против коронавирус ја добил на автентичен начин, или, во спротивно ќе биде вратен дома со првиот авион.

Долго време се шпекулираше што ќе биде со најдобриот тенисер во светот и неговото појавување на првиот Грен слем турнир во сезоната. Државата Викторија, во Австралија, не дозволува на турнирот да настапат невакцинирани играчи против коронавирус, но исклучок е направен за српската ѕвезда Ѓоковиќ, кој треба да тргне во лов на рекордна, 21. Грен слем титула.

Веста очекувано предизвика бројни реакции. Некои дури и јавно протестираа поради начинот на кој Новак ги „избегнал правилата“, но српски Курир, во вторникот вечерта, објасни зошто Ѓоковиќ не мора да се вакцинира.

„Новак има ретка болест“, е насловот на објавата што се појави на насловните страници на српските медиуми, а самиот текст открива дека Ѓоковиќ добил медицинско ослободување поради целијакична болест.

„Оваа болест за малку ќе му ја уништеше кариерата. Тоа е автоимуна болест, кога телото е нетолерантно на глутен, што го има во брашното и други производи, а која Новак, за среќа, навреме ја открил и ја променил исхраната. Доколку се вакцинира со каква било вакцина против Ковид-19 може да му бидат предизвикани сериозни комликации“, наведува српски Курир, а се повикува и на српски Телеграф.

„Австралија опен“ се игра од 17 до 30 јануари. Ѓоковиќ ќе се обиде да ја освои јубилејната десетта титула во Австралија, а четврта во низа.

Тениската федерација на Австралија и Владата на државата Викторија објавија дека Ѓоковиќ немал никаков посебен третман за да добие лекарска потврда со која се ослободува од вакцинирање против Ковид-19, што е услов кои ќе настапат на претстојниот грен – слем турнир Австралија Опен. Надлежните рекоа дека Ѓоковиќ бил еден од ретките, вкупно 26-мина, кои побарале и добиле лекарско изземање за вакцинација.

Ѓоковиќ денеска треба да пристигне во Мелбурн во надеж дека на крајот сепак, ќе може да настапи на првиот календарски грен – слем и во случај на триумф да стане апсолутен светски рекордер со 21 титла на големите турнири.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e