Ѓоковиќ го сруши рекордот на Федерер по најмногу недели како рекет број еден во светот

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ денес ја започна 311. недела како прв „рекет“ на светот, се наведува на официјалната веб-страница на АТП.

Така, 33-годишниот Србин постави нов рекорд во светот на тенисот. Претходното достигнување му припаѓаше на Швајцарецот Роџер Федерер (310 недели).

Новак Ѓоковиќ е 18-кратен победник на Грен слем турнирите, вклучувајќи го и неодамнешниот трофеј од Австралија опен 2021.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e