Ѓоковиќ е позитивен на Ковис-19

Новак Ѓоковиќ и неговата сопруга се позитивни на коронавирусот, покажаа резултатите од тестовите направени вчера.

Еден од најдобриот светски тенисери во моментов, Новак Ѓоковиќ, излезе позитивен на COVID-19. Откако Адрија турнирот во Задар се прекина поради тоа што бугарскиот тенисер Григор Димитров излезе позитивен, а потоа и Хрватот Борна Чориќ, Ѓоковиќ одби да се тестира во Хрватска и замина за Белград каде вчера му земаа брис.

„Веднаш по пристигнувањето во Белград отидовме на тестирање. Мојот и резултатот на сопругата Јелена се позитивни. Децата се негативни“, соопшто тенисерот.

Србинот беше обвинуван за организирањето на турнирот во време кога сѐ уште пандемијата трае. На крајот се покажа дека сепак идејата била лоша.

„Сѐ што направивме во изминатите месец дека беше од срце и со искрени намери. Турнирот беше хуманитарен со идеја да им помогнеме на тенисерите од регионот, да им овозможиме да играат, да остварат приходи и на тој начин полесно да го пребродат овој тежок период. Во истовреме сакавме да пратиме порака за солидарност, почитување и фер-плеј“, вели Новак.

Ѓоковиќ додаде и дека ќе остане во самоизолација во наредните 14 дена, по што повторно ќе се тестира.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e