Ѓоковиќ доби одобрение на АТП за новата тениска асоцијација

Светскиот бр.1 Новак Ѓоковиќ се состана со претседателот на Здружението на професионални тенисери (АТП) Андреа Гауденци. Србинот доби поддршка за создавање на алтернативно здружение на играчи, а Гауденци го издвои ова како „позитивно дополнување“.

Ѓоковиќ се повлече од функцијата претседател на Советот на играчи минатиот месец, заедно со Васек Поспишил, Џон Иснер и Сем Квери и најави создавање на Асоцијација на професионални тенисери (ПТПА).

– Се сретнав со Андреа, разговаравме повеќе од два и пол часа. Немаме проблеми, секогаш сме имале многу транспарентни и отворени односи, рече Ѓоковиќ.

Србинот додаде дека веќе добил поддршка од повеќе од 200 играчи.

– Никогаш не сме рекле дека сакаме да бојкотираме или отцепиме од АТП или слично. Сакаме да работиме заедно за да создадеме уште подобар производ, додаде Србинот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e