Гевгеличанец судеше фудбалски натпревар во Грузија

Фудбалскиот судија со грбот Светската фудбалска федерација ФИФА, гевгеличанецот Доне Ристовски, месецов беше главен судија на футсал натпреварот меѓу репрезентациите на Грузија и Русија кој се играше во Тбилиси.

Мечот, рече Ристовски, се играл во рамките на Квалификациите за Европското футсал првенство во 2022 година, а го водел со помошниците Јосип Бартон од Тетово и Григор Бладзе од Грузија.

Репрезантацијата на Русија забележала убедлива победа од 0-4, а судијата Ристовски од Гевгелија добил одлична оценка за арбитражата од делегат од Словенија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e